Фантастична и незаборавна глетка се одигра синоќа на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски” во Охрид, каде илјадници граѓани излегоа да ги пречекаат шампионите, ракометарите на ГРК Охрид, кои го освоија ЕХФ Европскиот куп.
Охрид повторно пишува ракометна историја. Момците на ГРК Охрид се вратија со трофејот во рацете, а нивниот град им подготви дочек достоен за вистински шампиони. Плоштадот беше преполн со навивачи, а атмосферата беше приклучена со бакли, ракети и непресушна радост.
ГРК Охрид, еден од најуспешните ракометни клубови во Македонија, со освојувањето на ЕХФ Европскиот куп остави длабока трага во историјата на македонскиот ракомет. Трофејот го крунисува упорниот труд на играчите, стручниот штаб и целиот клупски колектив.
Сцените на плоштадот зборуваат сами за себе, а Охрид, познат по своето богато историско и културно наследство, докажа дека е исто толку страстна ракометна средина.
фото-видео:Охридскај



ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
