Background

Nvidia го претстави новиот чип RTX Spark и најави нова генерација персонални компјутери што ќе работат со напредни АИ агенти и локални модели за вештачка интелигенција

Компјутерите наскоро би можеле да добијат улога многу поголема од денешната. Nvidia го претстави новиот чип RTX Spark и најави нова генерација персонални компјутери што ќе работат со напредни АИ агенти и локални модели за вештачка интелигенција.

– Оваа реинвенција на компјутерот е исто толку голема работа како и реинвенцијата на телефонот во она што сега го знаеме како паметен телефон – изјави извршниот директор на Nvidia, Јенсен Хуанг, на отворањето на саемот Computex во Тајпеј.

Од алатка до соиграч

Според Nvidia, RTX Spark е создаден за новата ера на лични АИ агенти. Компанијата тврди дека компјутерите повеќе нема да бидат само алатки за работа, туку ќе станат активни дигитални соиграчи.

- Advertisement -
Ad image

Новиот чип ќе биде вграден во компјутери произведени од Lenovo, HP, Dell, Microsoft Surface, Asus и MSI. Првите модели треба да се појават на пазарот наесен, а подоцна ќе следат и уреди од Acer и Gigabyte.

Суперкомпјутер на работната маса

Според техничките информации објавени по презентацијата, RTX Spark се темели на истиот GB10 чип што Nvidia го користи во својот DGX Spark, уред што компанијата го претставува како личен АИ суперкомпјутер.

Водечкиот модел располага со 20 процесорски јадра, 6.144 графички јадра и 128 гигабајти LPDDR5X меморија. Наместо еден производ, Nvidia сега најавува цело семејство чипови базирани на истата архитектура.

Предизвик за Apple и за Intel

Со новата стратегија Nvidia директно навлегува на терен каде со години доминираат Apple и Intel. Компанијата се обидува да го искористи бумот на вештачката интелигенција и во сегментот на персоналните компјутери.

Пазарот останува огромен. Lenovo, HP, Dell и Apple заедно контролираа речиси три четвртини од светскиот пазар на персонални компјутери во првите три месеци од годинава.

Бумот на центрите за податоци и АИ системите веќе ја претвори Nvidia во една од највредните компании во светот. Нејзината пазарна вредност надмина пет трилиони долари.

Вашингтон ја стега контролата

Објавата на RTX Spark доаѓа во момент кога САД дополнително ги заоструваат правилата за извоз на најнапредните АИ чипови. Американските власти се обидуваат да го ограничат пристапот на кинеските компании до технологија што се смета за стратешка.

Новите правила појаснуваат дека лиценца ќе биде потребна и за испорака на најмоќните ВИ чипови до подружници на кинески компании што работат надвор од Кина. Вашингтон сака да спречи заобиколување на постојните ограничувања преку компании регистрирани во трети земји.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation