Background

Вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство открија дека дел од млечните производи не одговараат на декларациите

Вонредните контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство открија дека дел од млечните производи не одговараат на декларациите. Кај еден производ разликата била драстичн. Од промет се повлечени и 500 килограми производ со палмини масти, соопшти Агенцијата.

„Деведесет и една мостра од млеко и млечни производи и од сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, зедоа официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на вонредните контроли кои имаа за цел утврдување, дали реално производите по својот квалитет соодветствуваат со означеното на декларациите.

Засега комплетирани се резултатите од тестираните примероци млеко и млечни производи земени од поголемите синџии на маркети во земјава. Се чека комплетирање и на резултатите за тестираните сувомеснатите производи, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

- Advertisement -
Ad image

Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори утврдено е дека анализираните примероци не одговараат  на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи, односно, со тестирањата констатирано е дека во производите има помал процент на млечни масти од декларираното. Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање на мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, утврдено е дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена  парична казна од 3.500 евра во денарска противвредност.

За измама на потрошувачите, уште на осум оператори (производители и увозници) кај кои се утврдени отстапки од ваков вид, односно разлика во декларираниот и реалниот процент на млечна маст во контролираните млечни производи, изречени им се казни по 1.050 евра во денарска противвредност.

Кај друг оператор со храна, со тестирањата констатирано е дека во производството на млечен производ користел растителни (палмини) масти, за што му е изречена парична казна од 1.300 евра во денарска противвредност. Спорниот млечен производ во вкупна тежина од 500 килограми од овој оператор се повлечени од промет и нештетно уништени на депонија.

Кај оваа категорија оператори со храна, засилените инспекциските контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе продолжат и во наредниот период“, се вели во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation