Background

Приведени над 400 лица на синоќешното славје

Прославата на европската титула на ПСЖ прерасна во немири низ француската престолнина. Француските власти соопштија дека во текот на ноќта биле приведени 416 лица, од кои 280 во Париз, а во судирите биле повредени и 7 полицајци, пренесува хрватски Индекс.

Илјадници навивачи излегоа на улиците по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите против Арсенал. И покрај големото полициско присуство, дел од прославата прераснала во насилство.

ПСЖ го победи Арсенал синоќа во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта (1:1, пенали 4:3). 

- Advertisement -
Ad image

Според весникот „Ле Фигаро“ немирите се прошириле во Авр, Ажен, Монпелје и во Дижон.

Чад и солзавец на Шанзелизе 

Видеоснимките од Париз покажуваат запалени електрични велосипеди, пиротехника на улиците и искршени излози. Навивачите го преплавиле булеварот Шанзелизе веднаш по завршувањето на натпреварот.

Судири меѓу полицијата и дел од навивачите имало уште во текот на денот, додека илјадници луѓе го следеле финалето на големи екрани на стадионот „Парк де Пренс“. Полицијата употребила солзавец за да ја растера толпата во центарот на градот.

Според официјалните податоци, оштетени биле 6 возила, 2 деловни згради и една автобуска станица.

 

 

 

Се јави Марин Ле Пен 

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ги оцени немирите како „апсолутно неприфатливи“.

Поранешната претседателска кандидатка Марин Ле Пен објави дека само во Франција фудбалска победа може да заврши со масовни немири и дека граѓаните чувствуваат потреба да се затвораат во своите домови за да избегнат насилство.

 

 

ПСЖ продолжува со прославата

И покрај инцидентите, фудбалерите на ПСЖ денеска треба да учествуваат на победничка парада во Париз. Предвидена е обиколка кај Ајфеловата кула, како и прием кај францускиот претседател Емануел Макрон.

Насилството по фудбалските успеси станува сè почеста појава во Франција. И минатата година прославата на европската титула на ПСЖ заврши трагично, со двајца загинати, меѓу кои и 17-годишно момче.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation