Background

М-НАВ ГИ ДЕМАНТИРА ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ДЕФЕКТ НА СОЛУНСКА ГЛАВА

М-НАВ категорично ги демантираше наводите објавени во дел од медиумите за наводен сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава, тврдејќи дека авиосообраќајот во државата се одвива нормално и без никакви потешкотии.

Од претпријатието информираат дека сите системи за навигација функционираат согласно меѓународните процедури и дека нема никакво загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

„Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се дуплицирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот“, се наведува во реакцијата.

- Advertisement -
Ad image

Од М-НАВ дополнително ги отфрлаат и наводите за проблеми со VHF комуникацијата со пилотите, објаснувајќи дека комуникацијата се одвива преку воспоставени и функционални точки.

„Во однос на дезинформацијата за немање безбедна VHF комуникација со пилотите сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите“, додаваат од институцијата.

Оттаму посочуваат дека објавите во дел од медиумите претставуваат дезинформации со политичка позадина и обид за личен бенефит на поединци.

„Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа“, велат од компанијата.

Реакцијата доаѓа по објавите во дел од медиумите дека наводно дошло до технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава, што, според тие информации, предизвикало рестрикции и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор.

Во тие медиумски објави се наведуваше дека контролата на летање во Скопје се соочила со проблеми во комуникациската опрема, како и дека биле воведени ограничувања во одредени воздушни рути, особено во јужниот и југозападниот дел од државата.

Дополнително, беше пренесено дека поради наводниот дефект биле засегнати и операциите на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и користењето на одредени навигациски рути и зони.

М-НАВ, сепак, целосно ги отфрла ваквите тврдења, инсистирајќи дека системите се стабилни, функционални и дека воздушниот сообраќај се одвива безбедно и непречено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation