Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено опаѓање на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Според статистиката, во текот на годината се евидентирани 14.237 пријавени полнолетни сторители, од кои 6.996 се обвинети, а 6.371 се осудени. Во споредба со претходната година, бројот на пријавени е зголемен за 6,5 проценти, додека обвинетите се намалени за 7,7 проценти, а осудените за 5,7 проценти.
Кај малолетниците се регистрирани 505 пријавени случаи, 305 обвиненија и 196 осуди, при што се бележи пораст од 3,9 проценти кај пријавените и пад од 34,7 проценти кај осудените малолетници.
Податоците покажуваат дека најголем дел од кривичните дела и кај полнолетните и кај малолетните лица се однесуваат на имотни деликти и сообраќајни прекршоци.
Кај делата против имотот се регистрирани 3.484 пријавени сторители, 1.894 обвинети и 1.746 осудени, додека кај делата против безбедноста на сообраќајот бројките изнесуваат 3.216 пријавени, 1.345 обвинети и 1.315 осудени.
Значајно учество имаат и кривичните дела против јавниот ред (1.180 пријавени лица), како и делата против животот и телото (1.150 пријавени, 724 обвинети и 517 осудени). За кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот се пријавени 1.043 лица, додека 800 се пријавени за дела против службената должност.
Понатаму, се издвојуваат и делата против здравјето на луѓето со 746 пријавени случаи, против бракот, семејството и младината со 519, против јавните финансии и стопанството со 458, како и против правниот сообраќај (408) и правосудството (402).
Во статистиката се опфатени и помали категории, меѓу кои делата против општата сигурност (274), животната средина и природата (240), половата слобода и моралот (124), работните односи (55), човечноста и меѓународното право (67), културното наследство (9), изборите и гласањето (6), оружените сили (6) и државата (14).
Дополнително, регистрирани се и 36 случаи на кривични дела предвидени со посебни закони.
Кај малолетниците, најзастапени се имотните деликти со 195 случаи, потоа делата против јавниот ред (99), против животот и телото (64) и против безбедноста во сообраќајот (57).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
