Background

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал (ВиСквер) „VSquare“, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција назад во С. Македонија речиси невозможна, пишува Дојче Веле.

Премиерот Петер Маѓар уште при стапувањето на функцијата најави дека Унгарија повеќе нема да служи како засолниште за меѓународни криминалци. Двајца од најпознатите „станари“ на таквиот систем експресно реагираа и ја напуштија земјата. Поранешниот полски министер за правда Збигњев Зјобро, кој доби азил по бегството во Унгарија во 2025 година, беше забележан на аеродромот „Њуарк Либерти“, САД во мај годинава.

Неговиот поранешен заменик Марчин Романовски, кој кон крајот на 2024 година избега во Будимпешта по обвиненија за злоупотреба на јавни средства, наводно не успеал да влезе во САД и подоцна бил забележан во Србија и Хрватска, додека полските служби трагаат по него.

Државјанството – поцврста заштита од азил

- Advertisement -
Ad image

Сепак, според порталот, Унгарија Груевски веројатно нема да мора да го повторува тоа сценарио.

Позицијата на Груевски е значително посигурна од онаа на полските бегалци, пишува „VSquare“. Додека политичкиот азил може да биде укинат, одземањето државјанство е далеку потешка правна постапка. Тоа му обезбедува ниво на заштита што го прави имун на ветувањата на Маѓар за екстрадиција.

Одземањето на државјанството би барало да се докаже дека е стекнато со измама или корупција. Во вториот случај – со оглед дека е доделено поради „државен интерес“ – обвинителството би требало да докаже вмешаност на највисоки претставници на владата на Виктор Орбан. Што, се разбира, не е невозможно.

Бегството на Груевски

Груевски избега од Северна Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување затворска казна од две години во случајот „Тенк“ – пресуда за корупција поврзана со набавка на оклопен луксузен „мерцедес“ во вредност од 600.000 евра.

Тој ја напушти земјата преку Албанија, а потоа продолжи низ Црна Гора и Србија, наводно со помош на унгарско дипломатско возило и, според тогашни извештаи, со вмешаност на унгарската странска разузнавачка служба.

Владата на Орбан потоа му одобри политички азил.

Во Македонија во изминатиот период, по падот на Виктор Орбан од власт во Унгарија, се актуелизираше приказната за враќањето на Груевски. Во април годинава, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува Груевски да се врати во земјата, но доколку тоа се случи „ќе оди во затвор“.

Опозицискиот СДСМ на почетокот на неделава ги праша премиерот и министерот за правда Филков дали ги испратиле во Будимпешта документите за екстрадиција на Груевски. Оттаму уште оценија дека Мицкоски се плаши дека враќањето на Груевски во земјата ќе ја загрози неговата позиција во партијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation