Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа изјави дека сè уште не е сигурно дали претседателот Доналд Трамп ќе поддржи можен договор со Иран, во време кога медиумите објавуваат дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамка за завршување на конфликтот, пренесе ДПА.
Венс пред новинарите во здружената база „Ендрјус“ изјави дека преговарачите „постигнале голем напредок“, но дека за неколку прашања, меѓу кои и ограничувањата на иранската нуклеарна програма, сè уште се разговара.
– Разговараме со нив. Мислиме дека преговараат, барем досега, со добра намера и дека постигнуваме одреден напредок – рече Венс.
Тој додаде дека не може да каже дали и кога Трамп би го поддржал евентуалниот меморандум за разбирање.
– Се надеваме дека ќе продолжиме да напредуваме и дека претседателот ќе биде во позиција да го поддржи договорот, но тоа допрва ќе се утврдува – изјави Венс.
Претходно вчера, порталот „Аксиос“ објави дека американските и иранските преговарачи постигнале рамковен договор со кој би се продолжил прекинот на огнот и би започнале преговори за нуклеарната програма на Иран.
Според извештајот, договорот предвидува рок од 60 дена за постигнување конечен договор. Американски извори ја потврдиле содржината на написот.
„Аксиос“ наведува дека условите на договорот во голема мера биле финализирани до вторникот, но дека двете страни сè уште треба да обезбедат одобрение од политичкото раководство.
Од друга страна, иранската агенција Тасним, блиска до Корпусот на исламската револуционерна гарда, објави дека не е финализиран ниту потврден никаков прелиминарен договор, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим.
Tagged as:
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс синоќа изјави дека сè уште не е сигурно дали претседателот Доналд Трамп ќе поддржи можен договор со Иран во време кога медиумите објавуваат дека американските и иранските преговарачи постигнале прелиминарен договор за рамка за завршување на конфликтот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
