Украина ќе набави 20 нови борбени авиони „Грипен“, додека Шведска следната година ќе донира 16 постари авиони од истиот тип, соопштија украинскиот претседател Володимир Зеленски и шведскиот премиер Улф Кристерсон на заедничка прес-конференција.
Двајцата лидери минатата година потпишаа писмо за намери со кое се отвора можност Шведска да ѝ продаде на Украина до 150 борбени авиони „Сааб Грипен Е“, но испораките на поновиот модел се очекуваат за неколку години.
Авионите се еден од приоритетите на украинските воздухопловни сили, а министерот за одбрана Федоров во мај изјави дека договорот за „Грипен Е“ би можел да биде потпишан „во рок од неколку месеци“, по одобрување на европскиот заем за Украина во висина од 90 милијарди евра.
– Грипен е најдобриот и оптимален избор за Украина. Затоа, денеска го правиме следниот голем чекор во ова заедничко патување – рече Кристерсон на прес-конференцијата со Зеленски во воздухопловната база во Упсала, каде беа изложени два авиони „Грипен“.
– Ни требаат овие авиони и ова е навистина нова страница за Украина. Ако даде Бог, ќе имаме доволно пари за тоа – изјави Зеленски, додавајќи дека планираат да ги купат сите 150 авиони предвидени во првичното писмо за намери.
Постарите модели C/D ќе служат како привремено решение за украинската воздушна одбрана, додека се чека испораката на понови верзии.
Зеленски изјави дека Украина за овој тип авиони веќе издвоилa 2,5 милијарди евра од пакетот заем од Европската Унија во вредност од 90 милијарди евра.
Се очекува новиот модел „Грипен Е“ да пристигне во Украина од 2030 година.
Шведска е еден од најголемите донатори на Украина и досега има испратено воена и цивилна помош во вредност од 128 милијарди шведски круни (околу 13,75 милијарди долари), како и дополнителни 80 милијарди круни што се планирани за оваа и следната година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
