Background

Повеќе од 71% од плаќањата се извршени преку електронски уреди

Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што претставува годишен раст од 7,1%, при вредност од 9.719 милијарди денари и раст од 36,4% на годишна основа, покажува Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во првиот квартал од 2026 година што го разгледа Советот на Народна банка.

„Растот е поттикнат од сѐ почестото користење на платежните картички и од континуираното зголемување на електронските кредитни трансфери, што упатува на поширока прифатеност на електронските начини на плаќање“, се наведува во Извештајот.

Бројот на платежни трансакции со платежни картички пораснал за 8,4%, при што нивното учество во вкупните безготовински плаќања достигнало 69,1%.  Раст е забележан и кај плаќањата во е-трговијата и на ПОС-терминалите, што укажува на натамошно јакнење на дигитализацијата и довербата во електронските канали за плаќање. Кај граѓаните, 71,7% од електронските кредитни трансфери биле иницирани преку мобилни уреди.

- Advertisement -
Ad image

На крајот на 2025 година, во земјата имало околу 2 милиона платежни картички, од кои 98,7% овозможуваат бесконтактни плаќања, додека 97,4% од ПОС-терминалите биле подготвени за бесконтактна технологија.

Дополнително во 2025 година има намалување на поплаките од банките и штедилниците 

-Бројот на поплаките доставени до банките и штедилниците се намалил за 4,1% во однос на 2024 година. Во корист на клиентите  биле решени  71,5% од поплаките- се наведува во извештајот за поплаки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation