Талески до Тошковски: Пет тони дрога, убиства, насилство и шпионски скандал – ќе поднесете ли конечно оставка?
Талески до Тошковски: Пет тони дрога, убиства, насилство и шпионски скандал – ќе поднесете ли конечно оставка?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи дека безбедносниот систем во државата е во сериозен распад и дека МВР не функционира ниту како превентивен, ниту како заштитен механизам за граѓаните.
Талевски посочи дека последните години се карактеризираат со низа тешки криминални и насилни настани, од убиства и семејно насилство до сериозни безбедносни пропусти, како и сомнежи за протекување класифицирани информации, при што, институциите не реагираат навремено и не преземаат одговорност.
Талески рече дека наместо заштита на граѓаните, системот е ставен во функција на политички интереси, а институционалната реакција е задоцнета и недоволна.