Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина.
Кога буџетот е во „одлична форма“?
Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно.
Има пари само за криминалната група ВМРО.
Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери за Мастеф, има за 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, има пари за 74 тендери за Ленди груп, има 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, има од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Има за нивните криминални тендери. Има за нов авион за Мицкоски да оди на море.
Нема пари за поголеми плати, нема за 600 евра миниманлна плата, нема пари за мерки за граѓаните, нема пари за субвенции за земјделците.
Нема за референдум на кој граѓаните треба да одлучат за својата судбина, за иднината на своите семејства и своите деца.
Граѓаните не сакаат да ја плаќаат цената на криминалот на Мицкоски и неговата банда.
Граѓаните мора да ја земат одлуката за иднината во свои раце.
Распишете референдум! Граѓаните нека одлучат!
Tagged as:
а има за криминални тендери и нов авион? Нема пари за референдум
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
