Управата за јавни приходи потсетува дека крајниот рок за проверка и потврда на Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 31 мај 2026 година. Со оглед дека станува збор за неработен ден (недела), рокот за потврдување на годишната даночна пријава е 01 јуни 2026 година.
Ова значи дека граѓаните кои оствариле приходи во 2025 година треба најдоцна до 01 јуни 2026 година да извршат увид во своите даночни пријави преку системот „е-Даночни услуги“ и да ги потврдат, односно коригираат доколку има потреба.
По истекот на рокот, односно од 02 јуни 2026 година, сите непотврдени годишни даночни пријави ќе се сметаат за конечни, додека коригираните пријави ќе бидат предмет на одобрување од службено лице на Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи во законски утврдениот рок го заврши генерирањето на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2025 година. Генерирани се вкупно 862.896 даночни пријави, што е за 21.225 повеќе во споредба со минатата година, кога беа генерирани 841.671 пријава.
-Досега, од страна на даночните обврзници се потврдени 27.788 годишни даночни пријави- велат од УЈП.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
