Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени.
Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение.
– Од оваа година воведуваме електронски свидетелства од прво до трето одделение. Со оглед дека е прва година ќе има и печатени свидетелства, зашто очекуваме наставниците да се прилагодат на новите електронски свидетелства, што ќе биде огромно олеснување за нив. Наместо да пишуваат на рака свидетелства, тие ќе можат на компјутер да ги пополнат свидетелствата — ем побрзо, ем поефикасно, ем без грешки, зашто податоците се влечат од е-дневник. И оваа година одиме паралелно, од догодина ги додаваме новите три одделенија — четврто, петто и шесто и од догодина ќе одиме само со електронски свидетелства, за третата година да го завршиме и деветто. Со нив заштедуваме на хартија, намалуваме загадување, ја олеснуваме работата на наставниците и, дополнително, системот за упис во средно ќе ги влече податоците од самите училишта. Тоа е релативно голем напредок за работата, односно за дигитализација на процедурите во училиштата и погодност и за наставниците, и за родителите, и за учениците – рече Јаневска.
На прашањето до каде е законот за високо образование, министерката повтори дека трите закони, за високо образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научно-истражувачка дејност, мора да одат во пакет.
– Законодавство заврши два закона. Има забелешки кои не се суштински, но се повеќе од правен и номотехнички аспект. И ние сега, тоа се вика усогласување, ги прифаќаме или не ги прифаќаме. Сметам дека она што го видов не е проблем да ги прифатиме сите. Законот за наука сѐ уште се обработува, но јас очекувам во текот на идната недела комплетно да бидеме усогласени. Тоа е веќе владина процедура. И штом се усогласиме со законодавство, значи ја имаме последната верзија, таа ќе оди на владина седница – истакна Јаневска пред потпишувањето Меморандум за соработка на Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета во областа на циркуларната економија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
