На 1 септември на плоштадот Македонија во Скопје по повод 35 години од независноста ќе биде одржан концерт на кој ќе настапи еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, најави денеска Бобан Милошески од Авалон продукција.
На концертот со наслов „Хозе Карерас и македонските ол стар“, ќе настапат Калиопи, Каролина Гочева, Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Наум Петрески, како и оперските певци Ана и Игор Дурловски, во придружба на Македонската филхармонија.
– Сакавме да споиме нешто што е светско заедно со нашето македонско. Ќе има многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени рече изјави Милошески.
Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти. Во првиот дел ќе настапат македонските музички ѕвезди заедно со над 60 музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со специјални оркестрации и аранжмани подготвени од маестро Николче Мицевски.
Вториот дел од вечерта ќе му припадне на Хосе Карерас, кој ќе настапи со својот светски репертоар заедно со Македонската филхармонија, предводена од неговиот долгогодишен диригент Давид Хименес.

Организаторите најавуваат и специјални музички спојувања меѓу македонските изведувачи и светскиот тенор, кои ќе останат изненадување за публиката.
Во преговорите за настанот биле вклучени и пејачот Владо Јаневски и пијанистот Симон Трпчески, но поради зафатениот распоред, тие нема да настапат.
Директорот на Македонската филхармонија, Мустафа Имери, рече дека му е чест што токму оркестарот на Филхармонија ќе ја отвори прославата по повод 35 години независност.
Концертот ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани.
Портпаролката на Владата, Марија Митева рече дека се подготвуваат за достојно одбележување на 35 години независност.
– Навистина ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и да покажеме дека имаме капацитет да организираме настан со македонски и со светски ѕвезди – рече Митева.
На 8 септември во рамки на јубилејната програма на градскиот стадион ќе настапи светски познатиот француски диџеј Дејвид Гета со „Monolith Stadium Show“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
