Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија доставил барање до Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување за итно зголемување на бројот на специјалистички термини и подобрување на достапноста до специјалистички прегледи за пациентите со дијабетес. Од Сојузот предупредуваат дека околу 40 проценти од пациентите не можат навремено да ги реализираат редовните контроли и прегледи за следење на болеста и можните компликации.
Во барањето се наведува дека редовните ендокринолошки и дијабетолошки контроли се клучни за следење на текот на болеста, проценка на здравствената состојба и определување соодветна терапија, како и за рана детекција и третман на хроничните компликации. Од Сојузот изразуваат загриженост поради ограничениот број термини и бараат унапредување на процедурите за закажување и обезбедување континуирана здравствена грижа за хронично болните пациенти.
Посочуваат дека околу 4.000 лица со дијабетес тип 1 контролите ги реализираат на универзитетските клиники во Скопје, од кои околу 650 деца на Клиниката за детски болести, а повеќе од 3.500 пациенти на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања. Дополнителен проблем, според Сојузот, е недостигот на специјалисти-дијабетолози во повеќе општини, поради што пациентите се принудени да патуваат во други градови за да добијат здравствена услуга.
Од Сојузот потсетуваат дека Националната програма за дијабетес 2018-2028 предвидува подобрување на превенцијата, раната детекција и контролата на болеста, како и намалување на компликациите и хоспитализациите. Тие оценуваат дека навремените контроли и раната дијагностика значат подобар квалитет на живот, помал инвалидитет и спасени човечки животи, додавајќи дека остануваат подготвени за партнерски дијалог со институциите за изнаоѓање одржливи решенија за повеќе од 140.000 лица кои живеат со дијабетес во Македонија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
