Во интервју за „Слободен печат“, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека партијата ќе предложи и ќе имплементира нов антикорупциски закон и серија системски реформи со цел зајакнување на правосудниот систем и враќање на довербата кај граѓаните.
Филипче истакна дека откако СДСМ ќе ја врати власта во рацете на граѓаните, реформите ќе значат целосен институционален пристап во борбата против корупцијата:
„Ќе го донесеме антикорупцискиот закон, со кој никој нема да биде поштеден. Никој. И ќе има ветинг на сите функционери од деведесеттите години. И тој закон ќе биде под јурисдикција на силна соработка со европското обвинителство“, рече Филипче.
Тој додаде дека целта е да се спречи какво било политичко влијание врз судството:
„Нема да може веќе да се влијае на судството, нема да може да се штелуваат пресуди и така натаму. На тој начин, прво, ги враќаме и парите од граѓаните. Да знаете, ќе има награди за луѓето коишто ќе пријават такви коруптивни случаи. Понатаму и една од најбитните работи, ќе поставиме систем. Мерит системот ќе биде на прво место, затоа што луѓето овде сакаат систем да видат. Не еден човек или некоја група на луѓе да владее, сакаат систем. Кога ќе се врати довербата во правосудството, е тогаш ќе почнат работите постепено да одат во добра насока. И тоа е клучот“, посочи Филипче.
Филипче нагласи дека неопходно е воспоставување на европски стандарди во правосудниот систем и отсуство на политички притисоци врз судството.
„Ќе донесеме европско правосудство. Јас нема да бидам, ниту имам интерес, ниту пак на крај памет не ми паѓа јас да се занимавам со обвинители или со судии. Или како Христијан Мицкоски да кажувам насоки и да кажувам што ќе се случува во судството. Тоа е само еден од скандалите на ова владеење, дека тој човек директно се меша во правосудството. Тоа го нема во ниту една демократска земја. Тоа е на ниво на скандал. Таков скандал во друга земја, владата паѓа. Истиот ден кога премиерот ќе излезе со таква изјава, а тоа се случува кај нас“, рече Филипче.
Линк до видео: https://youtu.be/5T8at_1B4TU?si=IHl56y1DEhrQCdJ0
Tagged as:
Филипче: Новиот Закон за борба против корупцијата ќе ја врати довербата во правосудството
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
