Иран објави нова мапа на Ормускиот Теснец за која соопшти дека ја опфаќа областа од виталниот воден пат што е под иранска контрола.
Иран го стави Ормус под строга блокада од крајот на февруари, по нападите на САД и на Израел врз земјата. Блокада на водениот пат, низ кој некогаш поминуваше една петтина од светската нафта, доведе до огромен скок на цените на нафтата, гасот и на енергијата низ целиот свет.
И покрај повеќекратните напори, досега Техеран не го олабави својот железен стисок врз теснецот.
Управата на Персискиот Залив (PGSA), иранското тело основано претходно овој месец за контрола на морскиот сообраќај во и надвор од Ормуз, денеска објави дека Иран го става регионот под надзор на своите вооружени сили. Површината што е под наздор се протега на околу 23.000 квадратни километри и се наоѓа во територијалните води на Оман и на Обединетите Арапски Емирати.
Наводните линии на влијание на Иран се протегаат од Кух-е Мубарак до јужно од Фуџаира, во ОАЕ, по неговата источна линија, додека западната линија се протега од западниот врв на иранскиот остров Кешм до Ум ал-Куваин во ОАЕ.
PGSA тврди дека за секој транзит низ оваа област со цел да се помине низ Ормускиот Теснец е потребна координација и одобрение од нив.
Американскиот државен секретар Марко Рубио го обвини Техеран дека се обидува да воспостави „систем на патарина“ во Ормускиот теснец и дека се обидува да го убеди Оман да се придружи на иницијативата.
– Нема земја во светот што треба да го прифати тоа – рече Рубио.
Тој додаде дека идејата дека е неприфатлива.
– Ако тоа се случи во Ормускиот Теснец, ќе се случи на 5 други места низ светот – додаде Рубио.
Тој додаде и дека имало „одреден мал напредок“ во ситуацијата со Иран и со Ормус.
– Основните работи остануваат исти. Иран никогаш не може да има нуклеарно оружје, едноставно не може да го изгради – рече Рубио.
Висок функционер на ОАЕ рече дека САД и Иран имаат само „50-50“ шанси да постигнат договор за ослободување на Ормускиот теснец. Претседателскиот советник Анвар Гаргаш го повика Техеран да не ја претерува својата улога во разговорите за запирање или за продолжување на војната на Блискиот Исток.
– Иранските претставници пропуштија многу шанси низ годините, бидејќи постои тенденција да се преценат нивните карти. Се надевам дека овој пат нема да го сторат тоа – рече Гаргаш на форум во Прага.
Тој додаде дека Ормутскиот Теснец мора да се врати во нормала.
– Преговорите само за постигнување прекин на огнот и посејување семе за понатамошен конфликт во иднина не се она што го бараме. Ормутскиот Теснец очигледно мора да се врати на статус кво и треба да стане меѓународен воден пат. Нуклеарната програма на Иран беше наша втора или трета грижа, сега е наша прва грижа. Гледаме дека Иран е способен да користи какво било оружје што го има во свои раце, што го научивме – рече тој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
