По неодамнешната серија лажни пријави за палење или бомби во становите и куќите на десничарските опозициски политичари и медиуми блиски до нив, што доведе до насилно влегување на пожарникари и полицајци во зградите, уапсени се тројца млади Полјаци, објави денес полскиот министер за внатрешни работи и јавна администрација Марчин Кервијнски.
„Операцијата е во тек. Во моментов се уапсени три лица, едното веќе е притворено, а за другото е поднесено барање. Ќе има уште апсења. Сите уапсени се млади луѓе, во своите 20-ти години, и претходно дошле во судир со законот за такви работи“, изјави Кервијнски за полската приватна телевизиска станица TVN24.
Министерот рече дека станува збор за цела поврзана група млади луѓе кои се забавувале пријавувајќи лажни пожари и поставувајќи бомби, а потоа следела конфузијата, теориите на заговор и меѓусебните обвинувања на политичарите на социјалните медиуми, иако Кервински додаде дека можните политички мотиви на уапсените сè уште ќе бидат оценети од обвинителството и истрагата.
„Сè укажува дека станува збор за добро организирана група млади луѓе кои правеле такви работи претходно за слава на интернет или лично задоволство, а не од идеолошки или политички мотиви“, изјави денес премиерот Доналд Туск пред новинарите.
Полскиот премиер потсети дека полските закони предвидуваат и неколку години безусловни затворски казни за вакви лажни пријави, без оглед на тоа дали лицето е шеснаесетгодишно или дваесетгодишно лице.
„Апелирам до сите што имаат такви идеи на ум. Не го правете тоа. ѝ штетите на полската држава, на потенцијалните реални жртви и, пред сè, ќе одите во затвор ако го направите тоа“, рече Туск.
Полицијата сè уште не го идентификувала или уапсила конкретниот сторител на најновата дојава што предизвика скандал во Полска, бидејќи пожарникарите ја скршиле вратата и влегле во инаку празниот стан на мајката на полскиот претседател Карол Навроцки во Гдањск откако добиле лажна пријава за пожар и веднаш потоа пријава до брзата помош дека здравјето на децата е во опасност.
Лажните дојави започнаа на 15 мај, кога полицијата изврши рација во станот на главниот уредник на радикално десничарската ТВ Република, Томаш Сакиевич, откако доби дојава дека некој злоставува дете и дека неговиот живот е во опасност. Полицијата накратко му стави лисици на асистентот на новинарот, што Сакиевич го опиша како директен напад од страна на владата на Туск врз опозициските медиуми.
Два дена подоцна, по дојава што се покажа како лажна, полицијата пребаруваше експлозиви поставени во градината околу куќата каде што живее лидерот на опозицијата Јарослав Качински, а следниот ден, полицијата се појави во зградата каде што се наоѓа седиштето на друга десничарска опозициска телевизиска станица, wPolsce24.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
