За време на гостувањето во радио емисијата „Heart Breakfast“, принцот Вилијам зборуваше за неодамнешното патување на принцезата Кејт во Италија, што беше нејзино прво службено патување во странство по борбата со ракот. Но, освен нејзината вклученост во проекти поврзани со развојот во раното детство, нешто друго го привлекло неговото внимание.
– Не знаев дека зборува италијански – коментираше водителката Аманда Холден откако претходно, за време на нејзината посета на Реџо Емилија, принцезата од Велс им зборуваше на децата на италијански.
– Искрено, ниту јас – одговори принцот Вилијам со смеа, што го насмеа и колегата водител Џејми Тикстон. Тој додаде и дека неговата сопруга „очигледно го освежила своето знаење од пред доста време.
За време на нејзиниот дводневен престој во Италија, принцезата Кејт им се претстави на децата како „Катарина“, италијанската верзија на нејзиното име Катерина, и им зборуваше италијански.
– Зборувам малку италијански. Како се викате? Јас сум Катарина – им рече таа на најмалите за време на посетата на градското собрание во Реџо Емилија.
Британските медиуми потсетуваат дека Кејт студирала италијански јазик и историја на уметност во Фиренца за време на нејзината „година пауза“ во 2000 година, неколку месеци пред да го запознае принцот Вилијам на универзитетот во Шкотска.
Вилијам не криеше колку е горд на својата сопруга по нејзиното враќање на јавните должности.
– Многу сум горд. Таа помина низ многу во последните години и навистина се радуваше на ова патување во Италија. Мило ми е што сè помина толку добро – рече принцот за време на емисијата снимена на островот Скили.
Тој беше особено емотивен кога зборуваше за нејзината улога во семејството.
– Таа е неверојатна мајка и сопруга. Нашето семејство буквално не можеше да функционира без неа – рече Вилијам.
Кејт Мидлтон минатата година објави дека е на лекување од рак, што доведе до нејзино привремено повлекување од јавноста, а на почетокот на 2025 година потврди дека е во ремисија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
