Германија, Норвешка, Холандија и Европската Унија ги повикаа шефовите на руските дипломатски мисии акредитирани во нивните земји, откако Москва се закани со нови напади врз Киев и ги повика странците, вклучително и дипломатите, да го напуштат украинскиот главен град.
– Гледаме дека Русија се обидува да посее паника и страв во Украина и да ја изолира, но нашата порака е јасна, тоа нема да се случи – изјави портпарол на Европската комисија.
Тој додаде дека руските воздушни напади се секојдневие за украинските граѓани, посочувајќи дека и претставништвото на ЕУ во Киев веќе било погодено од руски напади.
Портпаролот на Европската комисија нагласи дека секој напад врз цивилни цели претставува воено злосторство и предупреди дека одговорните ќе сносат последици за кршење на меѓународното право.
Во меѓувреме, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, предупреди дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје доколку биде нападнато руското цивилно население.
– Ова може да нè натера да употребиме оружје по кое нема да остане ништо – изјави Володин, апелирајќи да не се дозволи дополнителна ескалација на конфликтот.
Руското Министерство за надворешни работи вчера ги повика странците да го напуштат Киев поради најавените напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија. Москва тврди дека станува збор за одмазда по украинскиот напад со дронови на 22 мај врз објект во Старобелск, во Луганската област, при што, според руските власти, загинале 21 лице.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, наредил одмазднички мерки, а руските сили во изминатите денови започнаа масовни напади врз Украина, при што била употребена и балистичка ракета со среден дострел „Орешник“. Особено жестоки напади беа регистрирани во Киев.
Според украинскиот Генералштаб, една од целите на нападите бил команден центар за беспилотни летала.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во телефонски разговор го информирал американскиот државен секретар Марко Рубио за претстојните руски напади врз Киев.
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ваквите пораки ги оцени како уцена и ги повика странските дипломати да не го напуштаат Киев.
Во текот на ноќта, руските сили ја нападнаа Украина со повеќе од 100 беспилотни летала и две балистички ракети.
Tagged as:
Европа реагира по најавите на Москва за нови жестоки напади
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
