Седумдесетгодишната панк-рок легенда Били Ајдол ја прими наградата за животно дело на Американските музички награди во Лас Вегас.
– Им благодарам на ‘Американските музички награди’ за ова признание. Им благодарам на сите обожаватели. Успеав да го живеам својот сон и сето тоа е благодарение на вас. Кога почнавме да свирам панк-рок далечната 1976 година, мислевме дека тоа ќе трае само шест месеци, а не 50 години. Го правевме тоа од љубов и затоа што музиката беше единственото нешто што ни даваше чувство на слобода и ослободување – изјави Били Ајдол додавајќи дека верувале во тоа што го прават и мислеле дека ако само сонуваат за таков живот, тој ќе им возврати во изобилство.
– Токму тоа и се случи. На секое дете што го сака рокенролот или кој било вид музика и ако сте инспирирани да го создадете тоа чувство на слобода и да го следите тој уметнички живот, сѐ што можам да ви кажам е да изберете инструмент. Откријте кои сте и бидете тоа. Ви благодарам за рокенролот – порача тој.
Ајдол изведе и дел од своите најголеми хитови што беше и негов прв настап на доделувањето на Американските музички награди.
– Били Ајдол е рок-легенда чие влијание ги надминува генерациите и жанровите. Тој остави неизбришлива трага во популарната култура и музичката индустрија. Воодушевени сме што можеме да му ја доделиме оваа награда – порачаа организаторите на манифестацијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
