Четириесет и двегодишен мотоциклист загина во тешка несреќа на патот Штип-Делчево, соошти СВР Штип.
Според информациите од СВР Штип, несреќата се случила во понеделникот вечерта кога мотоциклистот се судрил со товарно возило.
„На 25.05.2026 во 21:23 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Штип-Делчево, во близина на место викано „Компосара“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани. Од здобиените повреди во несреќата, А.Ѓ. починал на пат кон болницата во Кочани, а лекар констатирал смрт“ – соопшти штипската полиција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
