Четворица загинаа откако во вторник наутро патнички воз удрил во училишен автобус во белгиската покраина Источна Фландрија, во градот Бугенхаут, објавија белгиските медиуми.
Според првичните информации, во автобусот имало 7 деца и двајца возрасни, вклучувајќи го и возачот.
Меѓу загинатите се двајца тинејџери, возачот на автобусот и возрасен човек што ги придружувал учениците. Уште две лица се сериозно повредени, соопшти министерот за транспорт Жан-Лук Кроа.
На местото на несреќата се испратени голем број служби за итни случаи, додека властите сè уште го утврдуваат точниот број на жртвите и околностите на судирот.
Белгискиот железнички оператор Инфрабел објави дека во моментот на судирот била активирана сигнализацијата на преминот, односно, светлата биле црвени, а рампите биле спуштени.
Во возот имало околу 100 патници и, според досегашните информации, ниту еден од нив не е повреден.
Возот сообраќал на релација Бриж – Бугенхаут.
– Преминот беше еден километар пред станицата, па возот веќе забавуваше, но ударот, сепак, беше огромен. Машиновозачот се обиде да ја активира сопирачката за итни случаи, но беше предоцна – изјави портпаролот на инфраструктурата на Инфрабел.
Белгија, каде што густа железничка мрежа минува низ градови и села, има историја на несреќи на премини на ниво.
Пет лица загинаа во вакви несреќи во текот на 2025 година, објави операторот на железничката инфраструктура Инфрабел на својата веб-страница, што е најмал број загинати од 2020 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
