За Америка нема место во регионот, а крајот на ционистичкиот режим е близу, порача денеска врховниот водач на Иран, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, во пораката по повод почетокот на сезоната на аврамскиот хаџ.
– Нема веќе враќање на старото. Народите и земјите во регионот повеќе нема да бидат штит за американските воени бази. Америка во регионот повеќе нема да има безбедно засолниште за интригите и за воспоставување воени бази. Америка од ден на ден се оддалечува од својот претходен статус – изјави Моџтаба Хамнеи, пренесува Тасним.
Тој истакна дека „нестабилниот и канцероген ционистички режим, исто така, се приближува кон завршните фази од својот злокобен живот и дека нема да постои 25 години подоцна“.
– Во различни делови на Иран и светот, по овие благословени денови, „смрт за Америка“ и „смрт за Израел“ ќе бидат заеднички слогани на исламската нација и на угнетените во светот, особено на младите – вели Хамнеи.
Тој рече дека „иранските аџии во овогодишниот хаџ играат ефикасна и истакната улога во пренесувањето на приказната на своите други муслимански браќа и сестри за победата во третата наметната војна, давајќи им надеж за светла иднина“.
– Иднината ѝ припаѓа на исламската нација и на новата исламска цивилизација и секој од нас може да игра улога во остварувањето на оваа иднина и во приближувањето кон неа, во согласност со иранските напори, капацитети и одговорност – истакна Моџтаба Хамнеи.
Текстот на пораката на водачот на Исламската револуција до исламската нација утрово го прочита Хоџатолеслам Вал-Муслимин, заменик-претставник на врховниот водач и водач на иранските аџии во пустината Арафат.
Ова е една од ретките изјави што ги даде Хамнеи откако почна американко-израелската војна протв Иран на 28 февруари, кога загина неговиот татко, поранешниот врховен водач. Според достапните извештаи и Моџтаба Хамнеи бил повреден во тој напад и оттогаш не се појавил во јавноста, туку се обраќа само преку писмени изјави.
Tagged as:
Моџтаба Хамнеи порача дека нема веќе враќање на старото
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
