По повредата на ’рбетот во 2007 година, поранешниот тапанар на групата Џенезис со години се соочува со сериозни здравствени проблеми, напиша списанието „ФарАут магазин“.
На последните концерти на групата Џенезис во 2022 година, Колинс настапуваше седејќи на стол, додека на тапани го заменуваше неговиот син Ник.
Во јануари, Колинс во интервју призна дека има помош од „медицинска сестра која е со него 24 часа дневно за да се погрижи да ја зема терапијата како што треба“.
– Имав проблеми со коленото, имав сè што можеше да тргне наопаку и сè тргна наопаку – изјави Колинс.
Меѓутоа, на 22 мај, во ново интервју за Би-би-си Брекфаст, Колинс даде многу пооптимистички информации за своето здравје велејќи: Сега сум поздрав отколку што сум бил долго време.
Тапанарот на Џенезис откри дека бил поканет да настапи на церемонијата на прием во Рокенрол куќата на славните годинава.
– Ме прашаа дали би настапил, а јас реков не, бидејќи мораш да бидеш во одлична состојба за такво нешто. Не можеш само да излезеш на сцена. Мора да вежбаш, а ако не си пеел дотогаш, гласот ќе ти биде уништен и тоа нема да биде добро. Затоа би сакал да го избегнам тоа – рече тој.
Но и покрај здравствените проблеми, не значи дека Колинс повеќе никогаш нема да настапува. Музичарот призна дека би „размислил“ за нов настап во живо во иднина.
Колинс се појавуваше на последните концерти на групата Џенезис со помош на бастун. Објасни дека имал пет операции на коленото и дека сега има колено кое функционира, иако сè уште се движи со помош на патерици или слични помагала.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
