Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека во текот на денот светот би можел да добие „добри вести“ поврзани со мировниот договор меѓу САД и Иран, со кој формално би можел да заврши конфликтот на Блискиот Исток.
Рубио, кој престојува во официјална посета на Индија, изјави дека преговорите влегуваат во завршна фаза и дека се очекува официјална објава за напредокот на договорот.
– Многу е веројатно дека светот во следните неколку часа ќе добие добри вести – изјави Рубио пред новинарите.
Според него, новиот договор треба целосно да одговори на загриженоста на Вашингтон околу Ормускиот Теснец – еден од најважните енергетски коридори во светот, кој Иран го блокираше по избувнувањето на војната.
Рубио посочи дека договорот би отворил долгорочен процес за намалување на тензиите и би требало да стави крај на стравувањата поврзани со иранската нуклеарна програма.
Изјавата на американскиот државен секретар доаѓа само неколку часа по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку својата социјална мрежа „Трут Соушл“ соопшти дека нацрт-договорот е „во голема мера усогласен“.
Според Трамп, рамката на договорот вклучува и отворање на Ормускиот Теснец, а во разговорите покрај САД и Иран учествуваат и неколку земји-посредници.
Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран ескалираше по нападите од 28 февруари, по што следуваа напади врз енергетски и воени цели во регионот, како и блокада на клучните поморски рути.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
