Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија, во кое го оцени германскиот предлог за доделување „асоцијативно“ членство на Украина како „неправедно“, бидејќи со тоа Киев би останал без право на глас во блокот.
Претходно, германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така во писмо до европските лидери, предложи Украина да добие нов статус на „асоцијативен член“ на ЕУ. Тоа би им овозможило на украинските претставници да учествуваат на самитите на ЕУ и на министерските состаноци, но без право на учество во гласањето. Според Мерц, ова е замислено како привремена фаза кон полноправна интеграција, што воедно би ги олеснило напорите за завршување на војната со Русија, која трае веќе петта година.
Во одговорот на ваквиот предлог, Зеленски нагласува дека по падот од власт на унгарскиот премиер Виктор Орбан по парламентарните избори одржани на 12 април – кој беше голем противник на евроинтеграцијата на Киев – се отворила реална можност за суштински напредок во преговорите за пристапување.
„Неправедно е Украина да биде присутна во Европската Унија, а да остане безгласна. Сега е вистинскиот момент да се напредува по прашањето за полноправно и содржинско членство на земјата“, дециден е украинскиот претседател.
Писмото е адресирано до претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен, како и до Никос Христодулидис, претседателот на Кипар – земјата која во моментов претседава со Советот на ЕУ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
