Background

Експертите бараат науката да има поголем глас во дебатата за рударството

Се формира ново Здружение на металурзи, кое има за цел во јавната дебата конечно поголем простор да добијат науката, експертите и стручните анализи. Новото здружение се формира во време кога Македонија сè поинтензивно дебатира за иднината на рударството, индустријата и критичните минерали и се засилуваат ставовите за да се искористат потенцијалите на рудното богатство како што наоѓалиштата кај Иловица и Плавица, вредни стотици милиони евра, за економски развој на државата и повисок животен стандард на граѓаните.

Информацијата ја објави колумнистот и металуршки инженер Виктор Грозданов во својата најнова колумна, во која пишува дека професорот Горан Начевски од Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје иницирал создавање на здружение кое ќе работи на афирмација на металургијата и стручниот пристап во индустрискиот развој.

„Професорот Горан Начевски од Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ – Скопје како претседател се одважи да ги обедини, односно сплоти металурзите во една голема целина и заедно да се спротивстават на сите лаги и измами кои се шират во јавноста од страна на самопрогласени екологисти. Поради оваа причина со рационално реорганизирање на Здружението на металурзи и заедно со своите потпретседатели, совесни професори и членови инженери го одлучија следново. Стоп на лагите на екологистите поради тоа што ниту еден од нив не разбира технологија ниту пак прочитал некаква литература која ја објаснува металургијата и индустријата во целост. За тоа како лажат екологистите подржани од дневно политички математики и некои новинари, а сѐ е од лукративни причини“, наведува Грозданов во колумната.

- Advertisement -
Ad image

Тој оценува дека во Македонија предолго доминирале политички и популистички дебати околу рударството, додека гласот на инженерите, професорите и експертите останал на маргините.

„Која е визијата на металурзите? Многу е едноставна. Јас ќе набројам неколку параметри: Првенствено да се врати достоинството на професија металург. Кога се зборува за било каква технологија за метал, за тоа може да говори само металург. Во Македонија постојат наоѓалишта со метал вреден минимум 100 милијарди евра и тоа исклучиво во источните предели на државата. Индустријата во овој момент има 20 проценти импакт врз БДП и металурзите заедно со рударите и геолозите сакаат да биде 26 проценти. Преку рударско-металургиски комбинати да се намали дефицитот кај извозот на Македонија за 28 проценти. Минимална плата од 1.200 евра во овие геолошко-рударско-металургиски комбинати. Комплетна заштита на животната средина преку нови достапни технологии (НДТ) во согласност со правилата на Европската Унија. Комплетна дехидрација на сите хидројаловишта и заштита на ретките метали кои се во нив. Комплетно чистење на сите јаловишта пред сѐ на Лојане, Велес и Југохром, ама, едно големо ама, тие се сите вредни како минерални суровини и затоа само металурзите знаат како мора да се изведе постапката. Вложување во образованието и тоа стипендирани од страна на геолошко-рударско-металургиските компании и стопирање на демографската девијација. Коалиција со сите кои работат во индустријата“, пишува Грозданов.

Тој појаснува дека современото рударство и металургија не можат да се разгледуваат надвор од научниот и технолошкиот контекст, особено во време кога светот води трка за бакар, литиум и критични минерали потребни за енергетската и дигиталната транзиција.

Грозданов во колумната наведува и повеќе аргументи зошто Македонија мора да го слуша стручниот кадар кога станува збор за индустрискиот развој. Меѓу нив се фактот што државата располага со природни ресурси, но и недостигот на домашен капитал за самостојни големи инвестиции.

Во колумната се нагласува и дека без развој на металургијата и рударството Македонија тешко ќе може да фати чекор со современите индустриски трендови и европските економии, особено во услови кога критичните минерали стануваат прашање на економска и енергетска безбедност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation