Мажот кој во понеделникот дивееше низ турскиот град Тарсус и уби 6 лица, а рани уште 8, е пронајден мртов откако извршил самоубиство при полициска потера.
Турските медиуми јавуваат дека осомничениот Метин О. (37) се сокрил во куќа во шумска област во близина на Мерсин.
Кога сфатил дека полицијата го опколила, си пресудил. Според досегашните информации, нападот започнал во локален ресторан и месарница во Тарсус, каде напаѓачот работел пред околу една година.
Таму ги убил сопственикот и еден вработен, а ранил неколку гости. Потоа избегал со возило и продолжил со нападите низ градот и околината.
Меѓу жртвите е и неговата поранешна сопруга, која била убиена на улица. Напаѓачот застрелал и возач на камион на бензинска пумпа.
Турските медиуми наведуваат дека убил и мотоциклист, кого го турнал во канал додека бегал, како и овчар во близина на пат.
Во нападите биле ранети уште осум лица.
По масакрот, турската полиција со поддршка на хеликоптери започнала голема потрага по напаѓачот.
Тој подоцна бил лоциран во шумска куќа.
Гувернерот на Мерсин изјавил дека осомничениот бил зависник од дрога и повеќепати бил хоспитализиран.
Според властите, имал и неколку психијатриски дијагнози.
Мотивот за нападот засега официјално не е соопштен.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
