Background

МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“

Во пресрет на првиот „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, помеѓу Северна Македонија и Грција, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски и директорката на Извршната канцеларија на МАСИТ, Елена Петрушевска, остварија средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Н.Е. Софија Филипиду.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу Северна Македонија и Грција, со посебен фокус на развојот на ИКТ секторот, дигиталната трансформација и регионалното поврзување на компаниите.

Во таа насока, МАСИТ официјално го најавува одржувањето на „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“, кој ќе се одржи на 4 јуни 2026 година во Скопје, во организација на МАСИТ и грчката асоцијација на ИКТ компании SETPE.

- Advertisement -
Ad image

Форумот претставува прва организирана билатерална платформа за поврзување на ИКТ секторите од двете земји, создадена со цел да поттикне нови деловни партнерства, регионална соработка и пристап до нови пазари за компаниите од двете земји.

На настанот се очекува учество на повеќе од 20 грчки ИКТ компании, како и компании и институции од домашниот пазар, преку структурирани B2B средби, активности за вмрежување и дискусии посветени на дигиталната трансформација и економската соработка во регионот.

Во рамки на форумот ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, со што дополнително ќе се зајакне институционалната и деловната поврзаност помеѓу двете ИКТ заедници, а истиот е поддржан од Стопанска Банка АД Скопје.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот претставува значаен чекор кон создавање посилна регионална ИКТ мрежа и конкретна платформа за деловен раст и меѓународна соработка.

„Веруваме дека регионот има сериозен потенцијал за заеднички дигитален развој. Со овој форум отвораме нов канал за директно поврзување на компаниите, размена на знаење и создавање нови бизнис можности помеѓу македонскиот и грчкиот ИКТ сектор“, изјави Димитровски.

Во рамки на средбата беше отворена и дискусија за новите законски решенија и реформски процеси поврзани со дигиталната економија и развојот на ИКТ индустријата, при што беше нагласена важноста од создавање предвидлива и конкурентна бизнис-клима што ќе го поттикне растот на технолошките компании и регионалната соработка.

МАСИТ продолжува активно да работи на интернационализација на македонската ИКТ индустрија и создавање нови можности за домашните компании преку регионални и меѓународни партнерства.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation