Крвав напад се случил во понеделникот пред Исламскиот центар во Сан Диего, Калифорнија, кога двајца тинејџери отвориле оган кон луѓе пред џамијата.
Во нападот загинале тројца мажи, а меѓу нив бил и обезбедувач кој, според полицијата, можеби спречил уште поголемо крвопролевање.
Напаѓачите подоцна биле пронајдени мртви во возило на улица. Станува збор за момчиња на возраст од 17 и 19 години, кои починале од самонанесени прострелни рани, соопшти полицијата.
Сведок за Си-би-ес изјавил дека слушнал серија истрели, па кратка пауза, а потоа уште една рафална стрелба.
– Прво се слушнаа десетина истрели, потоа пауза, па уште десетина. Добро е што ова не се случило во петок, улиците ќе беа полни со луѓе – рекол сведокот.
Според него, звучело како да се користени полуавтоматски оружја.
Началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал, изјави дека ФБИ е вклучено во истрагата и дека случајот се третира како можно злосторство од омраза. Пукањето избувнало непосредно пред пладне по локално време.
Вал потврди дека сите деца кои посетуваат училиште во рамки на Исламскиот центар се безбедни.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, изјави дека е згрозен од нападот врз верски центар. „Калифорнија нема да толерира терористички акти или заплашување на религиозните заедници“, објави Њусом.
И претседателот на САД Доналд Трамп реагираше на нападот.
– Добивме првични информации, но ќе го сфатиме ова многу сериозно – изјави Трамп.
Исламскиот центар во Сан Диего важи за најголема џамија во регионот во близина на мексиканската граница.
На местото на нападот биле испратени десетици полицајци, а ФБИ ги повика граѓаните да достават информации што би помогнале во истрагата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
