Единаесет австралиски активисти се приведени откако израелските сили пресретнале дел од меѓународната флота „Сумуд“, која пловела кон Газа со хуманитарна помош.
Меѓу приведените има лекари, академици, студенти, активисти и филмски режисери, објави „Гардијан“.
Израелското Министерство за надворешни работи објави дека активистите од „провокативната флота“ биле префрлени на израелски бродови.
„На бродовите не е пронајдена никаква помош“, соопшти израелското Министерство преку платформата Икс.
Организаторите на флотилата веднаш го оспорија тоа тврдење. Флотата минатата недела испловила од Турција и броела 54 бродови со 319 активисти од десетици земји.
Според организаторите, целта била да се достави хуманитарна помош во Газа.
Австралиската влада соопшти дека „итно бара“ информации за нивната состојба и безбедност.
Организаторите соопштија дека израелски воени глисери ги пресретнале бродовите на околу 250 наутички милји од брегот на Газа, во меѓународни води.
На снимките објавени од флотилата се гледаат израелски војници како се качуваат на дел од бродовите.
Глобалната флотила „Сумуд“ наведе дека 38 бродови биле пресретнати и опколени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
