Охрид е на Списокот на светско наследство на УНЕСКО. Охридското Езеро е заштитено. Националниот парк „Галичица” има јасни граници и уште поjасни забрани. И сепак , дивоградбите никнуваат. Не во темница, не навистина, туку пред очи на сите , на места каде државата секојдневно носи странски делегации.
Ревизорскиот извештај кој одамна треба да биде во центарот на политичкиот живот на Македонија, само ја потврдува она што месните жители одамна го знаат: дивоградбите во охридскиот регион не се случајност , тие се систем.
На катастарска парцела 541, во непосредна близина на Заливот на Коски кај Градиште , едно од најпосетуваните и најпознатите археолошки наоѓалишта во Македонија , Јаким Размоски од селото Пештани изградил објект кој по сè изгледа функционира или се гради со цел да функционира како хотел.
Локацијата е двострано заштитена: се наоѓа во зоната на националниот парк и во непосредна близина на охридскот регион кој ужива заштита по меѓународно право. Изградбата на какви и да е комерцијални објекти на овие простори е строго забранета.
Клучно прашање: Како е возможно, на место каде државата секојдневно носи странски делегации и меѓународни гости, веднаш до археолошката поставка Залив на Коски , да се изгради дивоградба-хотел и истата перманентно да се надоградува?
Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, во повеќе наврати јавно изјавуваше дека ќе бидат срушени сите дивоградби подигнати во строго забранети зони, особено во зоните на националните паркови.
Изјавите беа цврсти. Тонот , решителен. Реакцијата на терен , никаква.
„Како викаше, така и довика” , ако воопшто довика. Дали станува збор за политичко глумење наменето за јавноста, или пак некој повлијателен го истргнал за уши пред да пристигне багер до Заливот на Коски, остануваат прашања без одговор.
Дека во Северна Македонија многу нешта функционираат надвор од законот , тоа веќе одамна не е тајна. Но дека безграничноста на криминалот ќе достигне до тоа ниво , дивоградба буквално до УНЕСКО-споменикот, со планирана хотелска намена , дури и на највпечатливите скептици им беше тешко да го претпостават.
Дивоградбите, се разбира, не се политичко прашање во традиционална смисла. Тие не се враќање на имиња, не се укинување на рамковни спогодби, не се меѓудржавни договори. Но тие се меѓу-мафијашки договори , договори каде интересите на поединци со врски надвладеале над интересите на државата, законот и светското наследство.
Кога мафијата ја поседува државата, дури и инспекцијата добива „слободен ден” , секој пат кога треба да оди кон Пештани.
Ревизорскиот извештај за состојбата со дивоградбите во охридскиот регион документира системски пропусти во работата на надлежните институции , урбанистичката инспекција, Државниот инспекторат за животна средина и единиците на локалната самоуправа.
Случајот со КП 541 во Пештани е само еден во долга листа , но е симболичен поради локацијата: тешко е да се замисли поочигледна провокација кон законот и кон меѓународните обврски на Македонија.
Заливот на Коски кај Градиште е место каде, според истражувањата, некогаш постоело праисториско наколно живеалиште. Подводните остатоци се прогласени за значаен археолошки локалитет и редовно привлекуваат истражувачи, туристи и официјални делегации.
Токму овој контекст го прави случајот уште пооткривачки , ако државата не може да заштити ниту локација која сама ја промовира пред светот, тогаш прашањето веќе не е „дали има дивоградби” туку „дали воопшто постои волја тие да се срушат”.
Дивоградбата кај Заливот на Коски не е грешка. Не е недоразбирање. Таа е производ на системот во кој поединци со врски градат без дозвола, надлежните затвораат очи, а министрите зборуваат за рушење , додека ѕидовите растат.
Охридскај и натаму ја следи оваа тема. Документите постојат. Катастарскиот број е познат. Сопственикот е именуван. Единственото прашање е , дали некој со институционална моќ ќе реши да стори нешто.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
