Хрватскит адвокат Анто Нобило жестоко го критикуваше хрватското обвинителство по апсењето на Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишен доставувач на пица во Дрниш.
Нобило вели дека системот потфрлил уште во 2023 година, кога кај Алексиќ било пронајдено оружје и против него била поднесена кривична пријава.
– Мораше да биде притворен уште во 2023 година. Ова е школски пример каде што се изрекува притвор – изјави Нобило за „Слободна Далмација“.
Нобило потсети дека Алексиќ претходно бил осуден за брутално убиство на девојка во 1994 година и оти токму поради тоа постоел сериозен ризик од повторување на кривични дела.
Според него, обвинителството морало да реагира веднаш кога повторно било пронајдено оружје кај човек со такво криминално минато.
– Ако некој што извршил толку сериозно кривично дело повторно дојде во ситуација со оружје, тоа е јасен сигнал за опасност – рече Нобило.
Хрватскиот адвокат оцени дека постапката против Алексиќ неоправдано се одолговлекувала и покрај сериозноста на случајот.
– Ова е апсолутно вина на обвинителот или на државниот обвинител – изјави Нобило.
Тој додаде дека доколку Алексиќ бил во притвор, предметот ќе морал да се води со забрзана постапка.
Кристијан Алексиќ беше уапсен ноќеска околу 2:30 часот во областа Дрниш, по повеќечасовна потрага.
Според истрагата, тој во саботата навечер го убил 19-годишниот доставувач на пица. Поради претресот, сите влезови и излези во градот беа затворени, а граѓаните беа повикани да не ги напуштаат своите домови. Полицијата го бараше од саботата до рано утринава во понеделникот, кога конечно беше пронајден и уапсен на стотина метри од неговата куќа.
Според неофицијални информации, тој бил уапсен без облека, а наводно зад себе попрскал бибер спреј во обид да ги измами полициските кучиња трагачи и да ги спречи да го следат.
Мештаните велат дека тој избегал преку железничката пруга што води недалеку од неговата куќа. Според нив, во областа каде што се обидел да се скрие има и бункери.
Градот Дрниш е сè уште во шок по убиството на 19-годишен доставувач на пица. Градоначалникот Томислав Џелалија изјави дека граѓаните поминале две непроспиени ноќи и дека утре ќе биде прогласен Ден на жалост и ќе се одржи погреб за починатиот млад човек.
– Настрада млад човек чиј живот штотуку почнуваше. Тој требаше да има матурска забава на 29 мај и да купи костум. Тешко ми е да зборувам за тоа – изјави градоначалникот.
Тој вели дека утрово излегол во градот и го нашол сосема празен, со пазари и улици на кои немало минувачи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
