Одлуката на САД да го прекинат планираното распоредување војници во Полска предизвикала сериозен хаос откако се откри дека важното известување останало непрочитано во електронската пошта на началникот на Генералштабот, генерал Вјеслав Кукула.
Според бриселски „Политико“, американската порака пристигнала уште во понеделник преку класифициран комуникациски систем, но не била проследена до командата и Министерството за одбрана.
Поголемиот дел од армијата за промената дознал од медиумите.
Американскиот медиум „Арми тајмс“ во средата прв објавил дека е прекината ротацијата на повеќе од 4.000 американски војници од Втората оклопна бригада на Првата коњаничка дивизија. Дури потоа полската команда била официјално информирана.
– Сите сме бесни што за сè дознаваме од медиумите, а не од нашите претпоставени – рекол извор близок до Генералштабот.
Извори блиски до генералот Кукула тврдат дека пораката од Американците била многу кратка и испратена преку редовни воени канали.
Еден од соговорниците оценил дека проблемот лежи во системот за управување со тајната преписка.
– Началникот на Генералштабот често е отсутен и многу зафатен. Затоа треба да овласти други да ја читаат тајната преписка – рекол изворот.
Пентагон во меѓувреме се обидел да ја намали тежината на ситуацијата и соопштил дека не станува збор за изненадна одлука.
Од полска страна, вицепремиерот Владислав Косињак-Камиш уверил дека американското присуство нема трајно да се намали.
Но, дел од офицерите тврдат дека бројот на американски војници сепак ќе биде намален, иако можеби не во обемот што првично се споменувал во медиумите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
