Два американски борбени авиони се судрија во воздух за време на воздушното шоу „Ганфајтер Скајс“ во воздухопловната база „Маунтин Хоум“ во американската држава Ајдахо, предизвикувајќи паника кај присутните посетители.
Инцидентот се случил во неделата околу 12:30 часот по локално време, додека траела демонстрација на авиони пред публика во базата, која се наоѓа околу 90 километри југоисточно од Бојси.
По судирот, базата била привремено затворена, а службите за итни случаи веднаш интервенирале на местото на несреќата. Од базата соопштиле дека се случил „авионски инцидент“ и дека е отворена истрага за причините.
Според американските медиуми, во несреќата учествувале два авиони EA-18G Growler, кои се дел од американската морнарица и се користат за електронско војување.
Според сведоштва од присутни, пилотите успеале навреме да се катапултираат. Водителот на шоуто пред публиката соопштил дека биле забележани четири падобрани во воздух, што укажува дека сите членови на екипажот успеале да се спасат.
На социјалните мрежи се појавија и видеа од моментот на судирот, на кои се гледа како двата авиони се удираат во воздух, по што следува експлозија, додека во близина паѓаат падобрани.
Воздушното шоу „Ганфајтер Скајс“ годинава се одржуваше за првпат по пауза од осум години.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
