Околу 80 нуркачи од Македонија и неколку земји од регионот учествуваа во голема еколошка акција за чистење на дното на Охридското Езеро, која викендов се одржа со централна локација во автокампот Градиште.
Акцијата беше организирана од Нуркачкиот Центар „Амфора“, а во неа учествуваа нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.
Во текот на акцијата беше извадено значително количество отпад од езерското дно, со што учесниците испратија силна порака за важноста на зачувување на еколошката рамнотежа и подигнување на јавната свест за заштита на природата.
Во акцијата учествуваа повеќе нуркачки клубови и институции, меѓу кои Нуркачкиот Центар „Амфора“, Завод и Музеј – Охрид, Црвен Крст Охрид, како и нуркачки клубови од Македонија, меѓу кои КПД Охрид, СНК Врело, ЕНК Пена, САЕ Тигар и БСН Волци.
Од странство учество земаа и KPA Marsonia од Хрватска, Triton Tec Team од Србија, како и SRK Shark и SRK Vitez од Босна и Херцеговина.
Организаторите истакнуваат дека ваквите акции се од клучно значење за заштита на Охридското Езеро и дека регионалната соработка е пример како заеднички може да се придонесе за почиста животна средина.








ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
