СДСМ: „Ноќните волци“ во акција – спасување на Орбановата медиумска мрежа
„Ноќните волци“ во акција – спасување на Орбановата медиумска мрежа

Милош Вучевиќ, претседателот на СНС, денеска престојуваше во Македонија.
Главната причина за неговата посета е спасување на Орбановата медиумска мрежа во Македонија.
На состанокот присуствувал и почесниот конзул на Македонија во Србија, Душан Адамовиќ – бизнис партнер на Мицкоски и офицер за врска меѓу сестринските партии СНС и ВМРО.
На состанокот учествувал и вицепремиерот Иван Стоилковиќ, долгогодишен соработник на српската БИА, кој во Македонија е задолжен за пласирање информации на српските и руските служби.
Тројцата, освен „братската љубов“, ги врзува и љубовта кон Русија.
Меѓутоа, вистинскиот повод за доаѓањето на Вучевиќ е средба со Христијан Мицкоски – треба да се спаси медиумската мрежа која со години служи за пропаганда на двете сестрински криминални организации (СНС и ВМРО-ОКГ).
Друг важен дел од агендата е EuroNews и поставувањето на Ивона Талевска за уредник за Македонија.
Оваа работа ќе ја врши заедно со својот долгогодишен партнер, Драган Павловиќ Латас, кој ќе работи од сенка, како што со години работи за српските служби.
Прашање до граѓаните: Што точно прави почесниот конзул на Македонија во Србија на внатрепартиски состанок во Македонија?
Одговорот е едноставен – кога може да оди на митинзи на ВМРО, зошто да не дојде и на партиски состанок како висок функционер на СНС.
Покрај тоа што формално ја претставува СНС, Душан Адамовиќ ја претставува и Русија и нејзините интереси. А интересот на Русија е јасен – Македонија да биде што подалеку од ЕУ, за да остане руско влијание на границите на Европа.
Еве така изгледа европска „дипломатијата“ за интереси на Србија и Русија на Мицкоски и неговата криминална група.
Вистината излегува на виделина.
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.
Реформи сега. Европа сега.