Постои еден стар македонски проблем: кога на „козар” ќе му дадеш милиони и фудбалски клуб да игра во врвот на лигата , резултатот е предвидлив. Сега тоа го гледаме преку ФК Вардар и нивната контроверзна шампионска титула во сезоната 2024/25.
Прашањето не е само дали Вардар заслужено е шампион. Прашањето е: кој ја изгради оваа слика и кој сноси одговорност?
ФК Вардар ја обезбеди шампионската титула со победа против Струга со резултат 1-0, на едно коло пред крајот на сезоната. Дербито со Шкендија во Скопје, иако останува на распоред, практично нема резултатско значење.
Но наместо чисто спортско славење, прославата прерасна во скандал кој го тресе македонскиот фудбал и македонската јавност.
По обезбедувањето на титулата, снимки од прославата на фудбалерите и навивачите на Вардар се вирализираа на социјалните мрежи. На нив јасно се гледа дека играчите и навивачите пееле вулгарна преработка на познатата песна „Дирлада” од групата Меморија, со навредливи текстови на сметка на македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева.
Зошто токму Гочева е мета на навредите , останува нејасно. Но јасно е дека ваквото однесување не е достојно за спортски шампион.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реагираше брзо со јавна осуда:
„ФФМ изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите.”
ФФМ исто така најави отворање на дисциплинска постапка против новиот шампион.
Но тука доаѓаме до јадрото на проблемот: ФФМ осудува , но кој ги постави условите за овој исход?
Не може да се зборува за ФК Вардар без да се спомне Миленко Неделковски , контроверзна личност тесно поврзана со политиката и со управувањето на клубот. Кога политиката меша прсти во фудбалот, а клубовите се финансираат преку „Казино Фламенго” и илјадници донации со нејасно потекло, резултатот е деградација на спортскиот интегритет.
Обвинувањата се тешки:
Вистинскиот проблем не е вулгарната песна. Вулгарноста е само симптом.
Вистинскиот проблем е системски:
Кога ќе осудиш прославата, а не го осудиш системот , тоа не е принципиелност. Тоа е хипокризија.
За да се врати довербата во македонскиот фудбал, потребни се конкретни чекори:
Она што се случи со ФК Вардар не е само фудбалски скандал. Тоа е огледало на нашето општество , каде парите, политиката и врските можат да купат сè, вклучително и шампионска титула.
Се додека не се постави јасна граница помеѓу политиката и спортот, македонскиот фудбал ќе продолжи да биде сцена за манипулации, наместо арена за вистинска спортска натпреварувачка страст.
А што се случува во Втората македонска фудбалска лига,е тоа е веќе страм без граница..
С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
