Background

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО „ПУШТЕНО НА НАЈЈАКО“

Билтенот на МВР за сабота, 16 мај изобилува со пријави за семејно насилство, како и за физички пресметки меѓу соседи со наѓушени семејни односи, како и кавги меѓу станодавци и кираџии. МВР известува дека работи на расчистување на случаите и дека по нивно целосно документирање ќе поднесе соодветни пријави.

Татко пријавил напад и закани од сопствениот син во Гази Баба

Педесет и седумгодишен скопјанец вчера (петок) попладне пријавил во полиција дека бил нападнат и му биле упатувани закани од неговиот син.
Според пријавата, инцидентот се случил завчера (четврток) околу 18:30 часот во семејниот дом во населбата Гази Баба. Случајот е пријавен во СВР Скопје и се работи на негово расчистување.

- Advertisement -
Ad image

Приведен скопјанец по напад врз партнерката во Центар

Триесет и осумгодишен жител на Скопје ноќеска бил приведен откако бил пријавен за физички напад врз својата партнерка.

Според информациите од полицијата, случајот се случил вчера (петок) околу 22:30 часот на подрачјето на Центар, а приведувањето било извршено по полноќ.

Нападнатата е 46-годишна жена, а по случајот постапува СВР Скопје.

Жена од Аеродром пријавила долгогодишно малтретирање од сопругот

Четириесет и едногодишна скопјанка пријавила дека со години трпела психичко и физичко насилство од сопругот, но досега не го пријавувала случајот.

Во полицијата вчера (петок) бил повикан на разговор 43-годишен маж од Скопје, по пријава дека завчера (четврток) околу 22:30 часот физички ја нападнал сопругата во нивниот дом во населбата Аеродром.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Уапсен беровец кој прекршил судска забрана и ја истерувал сопругата од домот

Полицијата во Берово привела 47-годишен маж откако, според пријавата, ја прекршил мерката издадена од суд и барал сопругата и ќерката да го напуштат семејниот дом.

Инцидентот се случил завчера (четврток) вечерта, а по случајот бил известен и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Берово.

Според информациите, станува збор за прекршување на решение издадено од Основниот суд во Берово.

Млад скопјанец полил ходник со запалива течност и му се заканувал на татко си

Дваесет и четиригодишен скопјанец бил приведен ноќеска по инцидент во домот „Ранка Милановиќ“ во Скопје.

Според пријавата, вчера (петок) околу 22:30 часот, по расправија со татко му, тој со запалива течност го полил ходникот од објектот и упатувал закани.

Полицијата интервенирала кратко по полноќ на подрачјето на Гази Баба, а случајот се расчистува.

Приведена скопјанка по расправија околу изнајмување стан во Кисела Вода

Шеесет и петгодишна жена од Скопје била приведена по нарушување на јавниот ред и мир во станбена зграда во Кисела Вода.

Според полицијата, таа недолично се однесувала кон 52-годишен сопственик на стан со кого требало да склучи договор за закуп, но одбивала да го направи тоа.

Инцидентот се случил вчера (петок) вечерта, а од МВР најавуваат соодветен поднесок по целосното документирање на случајот.

Браќа од Тетово завршија со кривични пријави по семејна тепачка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.С.(26) и В.С.(21), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 22.03.2026 во семејниот дом, по претходно нарушени семејни односи, пријавените започнале меѓусебна физичка пресметка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation