СДСМ: Што треба да се случи за Мицкоски и Филков конечно да ги испратат документите за екстрадиција на Груевски?
Граѓаните со недели бараат одговор, а Мицкоски и Филков продолжуваат да се прават будали.
Мицкоски јавно рече дека „сака да го апси Груевски“.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова рече: „Сè по закон – треба да се апси.“
А Филков?
Молчи.
Не знае „каде е“.
Знае дека го чека смена и дека го користат како штит за Груевски.
Поминат е повеќе од еден месец откако документите стигнале до Министерството за правда.
Што точно треба да се случи за да ги испратат?
Или Мицкоски и Филков едноставно не сакаат да го апсат?
Граѓаните заслужуваат јасен одговор:
Дали документите за екстрадиција се испратени или Мицкоски и понатаму го штити најпознатиот македонски криминалец?
Доста е со игрите.
Доста е со заштитата на криминалците.
Испратете ги документите веднаш!
Правда сега!