Background

Сабота 16 Мај 2026: Циклон од Џенова ни носи многу врнежи и невреме

На ден Сабота 16 Мај 2026 територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова. Токму ова ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време со честа појава на обилни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен за кратко време) силен ветер (над 70 км/час) силни електрични празнења и со услови за појава на град.

Во Скопје и околината исто така денот Сабота 16 Мај 2026 носи многу нестабилно време честа појава на врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични пранзења и со услови за појава на град.

Температурите пак наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 22 степени.

- Advertisement -
Ad image

Апелирам во случај на појава на силно невреме на ден Сабота 16 Мај 2026 на поголема претпазливост. Односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер да се заштитат автомобилите, односно истите да не се ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.

meteoalarm

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation