Постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето на грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Тој нагласи дека како функционер по промената на власта имал обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. Посочи дека неколкупати ја информирал јавноста и го повикал Јавното обвинителство да покрене постапки за наводните злоупотреби.
– Ова не е реваншизам, туку потреба да се утврди одговорност таму каде што има прекршување на законите. Случајот се однесува на заобиколување на законскиот систем за доделување грантови, при што тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски формирал сопствена комисија и делел средства без соодветна контрола и следливост. Во Комисијата бил еден поранешен нивен близок сопартиец, член на една политичка комисија – рече министерот Трипуновски во гостување на Алфа.
Тој потенцираше дека со ваквиот пристап граѓаните биле доведени во заблуда, а одлуките биле носени со висок степен на субјективност.
– Станува збор за распределба на над 800.000 евра, за која постои сомнеж дека е извршена спротивно на законските процедури – додаде тој.
Трипуновски рече дека актуелното раководство не ги укинало програмите, туку ги вратило во законски рамки односно преку Платежната агенција, со јасни правила и контрола.
Магласи дека очекува институциите да постапат и да се расчисти случајот до крај.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
