Владата планира да ги ограничи и брзите кредит, кои придонесуваат за задолжување на граѓаните, а често е причина за иселување од земјата.
Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги реакциите на казината на новиот предлог закон за игри на среќа.
Тој рече дека проблем покрај казината станале и брзите кредити кои им се нудат на веќе презадолжените граѓани.
– Некако, правило стана покрај казината да никнуваат и канцеларии за брзи кредити. Следно на што ќе работиме ќе биде и тоа. Ќе можат и да се ограничат. Работиме на тоа и не би сакал да давам повеќе детали. Но можам да кажам дека владината анализа укажуваат дека најголем дел од луѓето кои ја напуштаат земјата како причина го користат и тој аргумент – долговите кои се наталожиле од брзите кредити – рече Мицкоски.
Тој рече и дека владата има одредена политика кон казината кои ги спроведува.
-Имајќи ги предвид сите параметри поврзани со оваа индустрија, има одредени стандарди и политики кои оваа Влада ги води. Градовите со рекламите и светлечките билбордите ни наликуваат како да се градови во кои главна индустрија се коцкарниците. Тоа не личеше и не личи на ништо. Со овој закон ќе се стави крај на оваа перцепција кај граѓаните- рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека долго се работело на овој закон имајќи ги предвид сите стандарди во оваа област.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
