Актерката Деми Мур прошета на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан, во блескав фустан од Жакемус без прерамки кој ги покажуваше нејзините раце, предизвикувајќи дебата на социјалните мрежи.
63-годишната Мур го дополни својот гламурозен изглед со прекрасен ѓердан со дијаманти од Шопард и обетки во облик на цвет.
Бројни следбеници и познати личности го пофалија нејзиниот изглед.
– Ова можеби е еден од моите омилени фустани што некогаш си ги носела – коментираше актерката Рита Вилсон. Други се согласија:
– Сè уште мислам дека изгледа неверојатно. Отсекогаш била убава.
Еден следбеник напиша:
– Неверојатно! Едвај чекам да ги видам сите твои изданија во Кан!, додека друг додаде:
– Прекрасно, фустанот ви стои совршено.
Сепак, некои изразија загриженост за она што го нарекоа „екстремно тенки“ раце на ѕвездата.
– Да, таа е убава, но екстремната слабост не е нешто што треба да го гламуризираме. Не мислам дека е здрав модел- напиша едно лице во коментарите. Друг корисник додаде:
– Со години сум твоја голема обожавателка, Деми, и можам со голема емпатија да кажам дека се надевам дека се грижиш за своето здравје. Многу луѓе се грижат за тебе.
Мур, која е член на жирито на натпреварот оваа година, пристигна на Француската ривиера во понеделник навечер. Таа повторно привлече внимание во вторник наутро додека позираше за фотографии со другите членови на жирито.
За таа пригода, таа носеше лелеав фустан со точки, исто така од Jacquemus, кој го комбинираше со соодветна чанта, бели чевли и кремасти очила за сонце. А нејзините раце и тогаш беа во преден план.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
