Македонија има црвени линии и нема да преговара за прашања поврзани со националниот идентитет, историја и јазик изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во интервју за „Еуроњуз“.
– Значи, ако нè прашувате нас дали имаме црвени линии, секако дека имаме. Затоа што не веруваме дека ова е наратив кој треба да трае во Европа во 21. век – вели Муцунски истакнувајќи дека Софија промовира свој наратив во процесот.
Министерот истакнува дека на политичарите и лидерите е да бидат ориентирани кон иднината, додека за историјата дебатираат историчарите и академиците, но со објективни факти.
– Мислам и се надевам дека Бугарија ќе ги препознае можностите што постојат, дека ќе отвори дијалог со нас. Прво, како што реков, ќе продолжиме да правиме сè на нашиот европски пат за да бидеме најдобриот можен кандидат – дециден е Муцунски.
Во интервјуто, министерот Муцунски нагласи дека Maкедонија не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во општеството.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
