Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков учествува на 29иот Евроазиски економски самит во Истанбул, кој годинава се одржува под мотото „Глобална одговорност“ на кој учествуваат високи државни претставници, дипломати, универзитетски професори, претставници на меѓународни организации и експерти од повеќе земји. На самитот се дискутираше за глобалните предизвици, мирот, демократијата, улогата на жените во општеството и економската соработка.
Во рамки на панел-сесијата „Democracy, Women and the Future of Peace“, заменик-министерката Трајков се обрати на тема поврзана со улогата на жените во процесите на носење одлуки, демократскиот развој и европските перспективи на регионот.
*,,Европската иднина на регионот зависи од нашата способност да градиме демократски институции, да вложуваме во човечкиот капитал и да создадеме општество во кое младите и жените ќе имаат активна улога во носењето одлуки“ истакна Трајков.*
Таа нагласи дека евроинтегративниот процес не е само политичка цел, туку и суштинска реформска агенда насочена кон стабилност, економски развој и владеење на правото.
*„Во време на глобални предизвици, потребни се повеќе дијалог, соработка и заедничка одговорност. Само преку партнерство и меѓусебна доверба можеме да изградиме посилна и поодржлива иднина за сите граѓани“, порача заменик-министерката за европски прашања.*
Учеството на самитот претставува можност за продлабочување на меѓународната соработка, размена на искуства и афирмација на заложбите за европски вредности, дијалог и регионална стабилност.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
