Background

Димитриеска-Кочоска вели дека приоритет се проектите кои обезбедуваат економски раст и мерките за поддршка на граѓаните

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од тие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на започнатите разговори за ребалансот на Буџетот.

Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека Буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и обврските кон економијата.

– Во овој контекст, нема да бидат засегнати ставките кои придонесуваат за економски раст и кои се реализираат согласно планираната динамика, особено капиталните инвестиции, како и мерките за поддршка на граѓаните насочени кон унапредување на животниот стандард – вели Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Таа вели дека при ребалансот се има предвид и тоа дека нашата економија не е имуна на случувањата надвор и затоа се практикува внимателен пристап во креирањето на политиките кои ќе обезбедат стабилност, отпорност и одржлив развој на македонската економија.

-Пристапот при разговорите со министрите е заснован на реално завршените проекти и на реалните очекувања за нивна понатамошна реализација до крајот на годината, со цел средствата да се насочат кон приоритети кои се изводливи, мерливи и имаат конкретен ефект – вели Димитриеска -Кочоска.

Според неа, со ребалансот на Буџетот ќе се остане во основата на среднорочната фискална рамка утврдена со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.

Согласно со објавените податоци во првиот квартал годинава јавниот долг во апсолутен износ изнесува 10,747 милијарди евра или 59,7 % од БДП и, посочува министерката, бележи намалување за 1,5 п.п. во споредба со состојбата на 30 јуни 2024 година или кога ја преземавме власта.

– Имаме многу внимателен пристап во управувањето со јавниот долг и севкупно со јавните финансии и сме силно посветени на создавање услови за остварување повисоки и одржливи стапки за развој – вели министерката за финансии.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation