Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција тивко, без фанфари, донесе наредба за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Без прес конференција. Без извинување. Само еден документ со кој практично се признава: истрагата против 13 лица , цела година , немала основ.
Меѓу тие 13 лица: бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на РКМ. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Поранешниот министер за енергетика Крешник Бектеши. Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски. И Горан Јахоски. Луѓе со семејства, со кариери, со имиња , јавно фрлени под сенка на обвинение за организиран криминал и перење пари.
„Не е утврдено дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставале на товар, ниту пак постоење на друго кривично дело.”
Обвинителството утврдило дека набавките на мазут се спроведувани за време на прогласена енергетска криза, согласно законски дозволените исклучоци. Со еден збор , легално. Точно она за кое лицата биле обвинети дека е криминал, се испоставило дека е , работа.
Затоа денес поставуваме директно прашање: каков е дилот и со кого? Зошто точно овие луѓе беа мета? Зошто истрагата траеше цела година ако доказите , очигледно , никогаш не постоеле? Кој имал интерес да ги вовлече Капушевски, Ковачевски, Бектеши и другите во медиумска и правна кал? И зошто оние кои ја покренаа оваа постапка денес не одговараат за последиците?
Државата должи јавно, гласно и конкретно извинување , не во фуснота на некое соопштение, туку пред камери. Должи и одговор: колкава е оштетата и кога ќе биде исплатена? Затоа што неправедното обвинување не е административна грешка , тоа е удар врз човековото достоинство.
Васко, доколку го читаш ова —,Македонија те моли, врати се. Не затоа што системот те заслужува. Туку затоа што ти го заслужуваш правото да живееш слободно во земјата која е твоја.



